Facebook блокира страни по заканата на Турција

Facebook се покори на заканите на Турција да ги избрише страните и постовите во кои се навредува пророкот Мухамед. Во спротивно, Турција целосно ќе ја забрани друштвената мрежа која има околу 40 милиони корисници во земјата.

Иако Facebook одби да коментира за барањето поднесено од турски суд, New York Times пишува дека мрежата се одлучила да блокира страни кои властите сметале дека се невредливи. Иако имаше критики од западниот свет заради слободата на изразувањето, Facebook се реши да реагира на барањето бидејќи турските власти нема да се двоумат да ја блокираат мрежата, како што претходните години ги блокираа Facebook, YouTube и други сервиси кои не сакаат да цензурираат содржина.

Според правилата на Исламот, сликање или пародии на пророкот Мухамед се сметаат за богохулие. Затоа, пишува NYT, иако премиерот Ахмет Давутоглу беше во Париз да искаже сочуство за жртвите на терористичкиот напад врз Charlie Hebdo, сепак се врати со ветување дека ќе го забрани францускиот сатиричен весник во Турција бидејќи го исмејува пророкот.

Според извештајот за транспарентност на Facebook, друштвената мрежа лани цензурирала околу 1.800 парчиња содржина.