Facebook бара начин да го реши проблемот со вертикалните видеа

Наскоро, news feed-от во мобилната Facebook апликација ќе дозволи прегледување видео клипови во вертикална форма, изјавија од Marketing Land. Според најавите, процесот на сечење (cropping) ќе биде значително намален, а видеата нема да се прикажуваат во мали квадратчиња, како што е случајот сега, туку со однос 2:3 наспроти моментниот 1:1. На овој начин, се избегнува потребата од додатно проширување и ориентирање на телефонот, а се користат целокупните просторни можности на екранот за максимално прикажување видеа на news feed-от.

Слично прегледување е овозможено преку апликациите како Snapchat, Periscope и Meerkat, а дека ваквиот формат е поефикасен сведочи и изјаватa на Jon Steinberg, CEO за Daily Mail, според кого вертикалните видео огласи имаат девет пати повеќе целосни прегледи од оние кои се прикажани во хоризонтална форма.

Без да навлегуваме во психолошките причини (ако имате време на оваа тема, истражете на тема Vertical Video Syndrome) кои стојат зад таквото нешто, само ќе потенцираме дека не се знае кога точно ќе стапи на сила ваквата промена за сите корисници, но се очекува промената да биде имплементирана до крајот на септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии