Facebook загуби на суд, треба да исплати 500 милиони долари на издавачот на Skyrim

Zenimax Inc. го доби спорот против Facebook и Oculus пред судот во Далас. Судот одлучи дека Палмер Лаки од Oculus го прекршил NDA договорот кој го имал со компанијата. Најголемата социјална мрежа, која сега е сопственик на Oculus, на издавачот на игрите Elder Scrolls сега треба да му исплати 500 милиони долари.

Сумата од 500 милиони е значителна, но сепак е само дел од вкупните 6 милијарди кој ги бараше Zenimax. За Facebook финансиската загуба е незначителна, но сепак е удар за угледот на компанијата. Одлуката на судот од Далас не влијаеше ниту на акциите на берзата кои пораснаа за 2 отсто.

„Разочарани сме од дел од елементите во пресудата и размислуваме да поднесеме жалба.“, вели портпаролот на Facebook Шерил Санберг за Recode.

Сумата која треба да ја плати Oculus од 500 милиони е поделена на: 200 милиони долари за прекршување на NDA; 50 милиони долари за интелектуална сопственост; Oculus и Лаки треба да платат 50 милиони за лажна ознака; ко-основачот на Oculus, Брендан Ирибе треба да плати 150 милиони долари.

Во тужбата, пред судот во Далас се појави и Марк Закерберг, кој беше распрашуван за пропусти во избрзаното купување на Oculus.

1 коментар на “Facebook загуби на суд, треба да исплати 500 милиони долари на издавачот на Skyrim

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии