Фаблетите стануваат тренд; во 2013-та се продадени 20 милиони

Во 2013 година бројот на продадени фаблети (уред поголем од просечен телефон, и помал од таблет компјтер) за прв пат достигна 20 милиони, со очекувања дека 120 милиони фаблети ќе бидат продадени во 2018 година, се вели во анализата на Juniper Research. Речиси една четвртина од продадените фаблети отпаѓаат на Galaxy Note 3, кој е и најпопуларниот фаблет на пазарот. Во 2011 година Galaxy Note се продаде во 2 милиони парчиња во првите неколку месеци, а Galaxy Note 3 стигна до 5 милиони продадени копии по само неколку недели.

Покрај Samsung, свои фаблет уреди имаат и Huawei со Ascend Mate, Sony со Xperia Z
Ultra, LG со G Flex, Nokia со Lumia 1520 и HTC со HTC One max. Засега се чини дека единствено Apple се незаинтересирани за телефоните со гигантски димензии, иако и тие го зголемија екранот на 4-инчи што сепак е недоволно да се приближат до димензиите на фаблет кои вообичаено се со екрани над 5.6-инчи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии