Excubitor е првата македонска игра која ќе може да се купи од Steam

Excubitor на Tesseract Interactive наскоро ќе може да се купи од Steam. Играта го помина рецензирањето на гејминг заедницата на Steam Greenlight, и доби одобрување да се продава на една од најголемите дистрибутивни платформи за видеоигри. Ова е неверојатен успех за играта која започна како хоби од неколку ентузијасти, за потоа во стартапoт да се инвестираат 30.000 евра. Сега, пред Tesseract Interactive е предизвикот да ја финализираат играта и да видат како ќе се продава.

„Беше сосем неочекувано, мислам дека нашиот Greenlight е доказ дека во самиот процес не учествува само заедницата од тука, туку и вработените во Valve, што е добра работа.“ вели Иван Ивановски од Tesseract Interactive.

Достапноста преку Steam ќе овозможи играта да биде биде достапна во ран пристап, а корисниците ќе ја добијат и финалната верзија на играта кога ќе биде завршена. Проценката во Tesseract Interactive е дека Excubitor е на 40-50 отсто од финален производ, доколку не се решат да додадат и мултиплеер. Планот е играта да се објави за PC, по што ќе следат и Mac, Linux и конзолите, доколку финансиите го дозволат ова.

Доколку сепак не можете да издржите до финалната верзија, можете да ја преземете тест верзијата за Windows, Mac OS или Linux и да поминете неколку часа со Excubitor.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии