Евтините USB-C кабли можат да ви го оштетат компјутерот

Евтините USB-C кабли се вистинска опасност за лаптоп компјутерите, вели Бенсон Леунг, инженер во Google. „Здраво Бенсон тука, нова рецензија на USB Type-C кабел. Оваа најверојатно ќе биде последната за подолго време, бидејќи последната сериозно ми го оштети лаптопот…“, искоментира г. Бенсон во пост на Amazon.

Опасноста е поради тоа што со погрешен USB кабел може да се повлече повисока струја од USB-портите, од онаа за која се предвидени. Кога ќе вклучите телефон на полнење во лаптопот започнува да побарува што е можно повеќе електрична енергија за побрзо полнење на батеријата, кабелот со правилни кабли и отпорници треба да ги заштити уредите кои се полнат и USB-портовите, објаснува Verge.

Amazon веќе ги повлекува проблематичните кабли, но најверојатно уште побрзо ќе бидат заменети со нови проблематични кабли. Она што може да го направите е да купувате поскапи и поквалитетни кабли, а сајтот usbcompliant.com може да ви помогне да ги заштитите своите уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии