Евтини Windows лаптопи – нов тренд и конкуренција за Chromebook

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Microsoft

Microsoft претстави нова серија на лаптоп компјутери пред сè наменети за користење во образованието. Овој сектор благодарение на ниските цени последните неколку години е под доминација на Google, но работите полека се менуваат.

Компанијата заедно со неколку партнери претстави 7 уреди, сите поевтини или околу 300 долари. Дел од партнерите на Microsoft за овие лаптопи се Dell, Lenovo и Acer. Дел од овие уреди се баш специјализирани за користење во училишта. Lenovo 300 e за 290 долари доаѓа со поддршка за електронско пенкало, но ако корисникот (ученикот) нема пенкало може да користи и обичен молив. Дополнително компанијата ја намали цената на минатогодишниот 100е модел на 190 долари.

За Microsoft проектот за освојување на училиштата започнува со Surface Go. Компанијата минатата година го претстави овој лаптоп и иако нешто поскап (400 долари), сепак е конкурентен со Chromebook. Компјутерот доаѓа со: 1.6GHz Intel Pentium Gold 4415Y (dual-core, 2MB cache) процесор; интегрирана Intel HD Graphics 615 графичка картичка; 8GB LPDDR3; 10-инчен 1,800 x 1,200 (217 ppi; 3:2) PixelSense монитор. Компјутерот може да се користи и како лаптоп и како таблет компјутер.

Microsoft пак претстави ново поевтино електронско пенкало наменето исклучиво за училиштата, пренесе Verge. Компанијата започнува со глобална испорака веќе следниот месец, а цената на пенкалата е 40 долари. Компанијата ќе ги продава овие електронски пенкала исклучиво на училишта и во пакувања од по 20 пенкала. Она што е најважно пенкалата ќе функционираат и со постарите модели. Поточно ако уредот поддржува Microsoft Pen Protocol ќе го поддржува и новото пенкалце.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии