Пристап до интернет треба да биде човеково право, вели Тим Бернерс-Ли

Евтин и достапен интернет треба да осново човеково право, вели креаторот на глобалната мрежа, Тим Бернерс-Ли. Иако звучи остварливо, сепак г. Бернерс-Ли забележува дека милијарди корисници се уште немаат пристап до Интернет. Всушност едвај половина од светската популација е онлајн, а дури 4,4 милијарди луѓе се без пристап до Интернет.

„Време е да го препознаеме Интернет како основно човеково право. Ова подразбира гаранција за прифатлива цена, интернет пакети кои се достапни без комерцијална или политичка дискриминација и заштита на приватноста и слободата на интернет корисниците без разлика каде живеат“, вели г. Бернерс-Ли.

Скандинавија е најдобар пример кога е во прашање Интернет. Корисниците од Данска, Норвешка и Финска најдобро ја користат светската глобална мрежа кога е во прашање употребата на Интернет за економски, политички или социјален прогрес. На дното на листата се Јемен, Мјанмар и Етиопија, јави Huffington Post.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии