Eвропските стартапи собраa 4,5 милијарди долари во првата половина од 2015 година

Стартапите од Британија, Германија и Франција го предводат неверојатниот раст на европската стартап сцена. Само во првите шест месеци од 2015-та година 924 европски стартапи привлекоа 4,5 милијарди долари, се вели во анализата на анализата на Funderbeam, пренесена од Startit.rs.

Лидерот на листата е секако Британија со 311 стартапи кои привлекоа околу 1,8 милијарди евра, што се неверојатни 40 отсто од севкупната сума што била инвестирана во новите иновативни компании во Европа. Германските стартапи се втори со вкупно соберени 1,3 милијарди долари, додека другите позначајни пазари како Франција, Шпанија и Шведска се далеку зад нив. Очекувано, најмногу пари одат во стартапи кои се занимаваат со иновации во плаќањето и финансиите. Потоа следат бизнис услуги, луѓе и општество, и ИТ услуги. Има значителен број на медицински стартапи кои собираат пари уште во рана фаза.

Што се однесува на Балканот, друга анализа на Funderbeam покажува дека овој регион, заедно со источно-европските земји, заостануваат многу. Пример, ако инвестиција по глава на жител во Германија изнесува 24,42 долари, во Македонија сумата е 0,01 долар. Лидери во регионот се Грција и Црна Гора со 1,16 долари по глава на жител, односно 1,02 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии