Европските стартапи се сè поинтересни за инвеститорите

Силициумската долина останува центарот на инвестициите кога стартапите се во прашање. Инвестициите во американските стратапи се дури 5,4 пати поголеми од европските, но сега во Европа има дури 16 „еднорози“ меѓу кои шведскиот Spotify и германскиот Delivery Hero, вели VentureBeat.

Најголем недостаток на европските стартапи е што ги привлекуваат раните инвестиции и инвестициите во прва фаза. Тука е Европа е рекордер и фактот дека во 2015 година дури 79 отсто од светските инвестициите во рана фаза се во европските стартапи, кажува многу. Но, сега интересот е променет кај инвеститорите, па се инвестира и во поразвиени стартапи. Неодамна беа инвестирани 75 милиони долари во данскиот Tradeshift, 45 милиони долари во германскиот eGym, 20 милиони долари во швајцарскиот Lightbend, вели VentureBeat.

Главна причина за зголемувањето на интересот на инвеститорите во европските стартапи е нивното созревање и подигањето на квалитетот. Има неколку причини за растот на европските. Меѓу нив е созреаната стартап сцена, како и поголемиот интерес од инвеститори и VC фондови кои претходно верувале дека Европјаните се аматери. Но, можеби најголемата причина е што стартап сцената сè уште не го достигнала зенитот и постои огромен потенцијал. Сè поголемиот профит и иновациски придобивки од инвестирањето во стартапите, придонесува инвеститорите да бараат повеќе и подалеку. Конечно некои гранки, како музиката и рекламите, се поетаблирани ви Лондон, Париз и Стокхолм, отколку во Силициумската долина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии