Европските сајтови се одговорни за коментарите на читателите

Европските сајтови ќе се сметаат за одговорни за коментарите кои ги оставаат нивните читатели. Судот за човекови права во Стразбур одлучи дека естонскиот веб сајт Delfi може да биде одговорен за коментарите кои ги оставаат читателите.

Тоа што е можеби и поголемо изненадување е дека сајтот може да биде одговорен дури и за коментарите за кои било одлучено дека се непригодини и се отстранети. Одлуката е дека од сајтот морале да предвидат говор на омраза и непригодни коментари. Интересно, но судот смета дека и покрај тоа што пресудата е на граница на ограничување на правото на слободен говор, сепак сметаат дека е неопходна во демократско општество.

Спорот Delfi против Естонија е поради статија за компанија за ферибродски превоз SLK. На статијата, во дел од коментарите имаше закани и навреди, до SLK и до нејзиниот сопственик. Споственикот на SLK го тужеше порталот пред естонскиот суд и доби отштета поради нарушениот углед (далеку помала од бараната). „Статијата е балансирана, не содржи навредлив говор и нема аргументи за незаконски изјавиж“, вели судот кој сепак додава дека сајтот е одговорен бидејќи имплементирал коментари, поради кои е во економска предност.

Доколку Delfi го претставеше својот случај пред Европскиот суд на правдата, најверојатно ќе го добиеше спорот, вели Ars Technica. За жал естонските закони не го дозволуваат ова, па „весникот“ одлучи да се брани со тоа што ќе побара заклучок дека естонските закони не се усогласени со Унијата.

Иако пресудата само потврдува дека законите во Естонија се усогласени со законите во Унијата, сепак ова може да биде поголема опасност. Покажува дека одлуката на судот во Естонија е законска, со што можеби во идина порталите би биле почеста мета на тужби или во полошо сценарио се почесто и повеќе од порталите ќе се одлучат по линија на помал отпор да ги затворат своите страни за коментари. За жал ова ќе значи крај за дебатата, која можеби и најголемата предност која Интернет ја има пред останатите медиуми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии