Европските пребарувачи за работа се здружија против Google Jobs

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Алатката која на луѓето им помага да најдат работа, а на работодавачите да пронајдат вработени, Google Jobs би можел да се најде пред европската комисија. Во писмо испратено до европската комесарка за конкуренција, Маргарет Вестагер 23 европски веб-страници за пребарување на работа бараат забрана за Google Jobs, јави Reuters.

Европските пребарувачи бараат од комесарката привремено да му забрани на Google да ја злоупотребува својата положба и да ја испитаат работата на сервисот.

Google Jobs е агрегатор на огласи од пазарот на труд. Алатката нуди врска до огласите кои ги нудат работодавачите, сервисот постои 2 години. За подобро снаоѓање има можност за различно филтрирање, на пример по категорија, локација и слично. За да се појават во Google Jobs понудените работни места мора да бидат понудени на начин што компјутерите можат да го прочитаат.

Конкурентите на Google сметаат дека виџетот што компанијата го користи за својот агрегатор е нефер конкуренција. Виџетот на Google Jobs е поголем и е на врвот на резултатите на пребарување, па конкурентите велат дека ова мора да запре.

Сепак главна причина за негодувањето на конкурентите на Google е најавата дека наскоро компанијата ќе започне во овие резултати да нуди и реклами.

Според најавата наскоро на оваа жалба би можеле да се приклучат и нови компании. Британскиот сајт Best Jobs Online и германските Intermedia и Jobindex јавуваат дека ако нема истрага ќе ги вложат и своите протести и жалби.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии