Европските пиратски закони ги пишуваат пирати

Што би направиле пиратите за пиратеријата на Интернет? Тоа е прашање за Џулија Реда, претставник на Паријата на пиратите на Шведска, која е одговорна за пишување на Законот за авторските права во Европскиот парламент. Иако поставувањето на пират за ова прашање е голема работа, за ова не се зборува доволно во медиумите, вели Рик Фалквинг, основачот на партијата, во колумна за Torrent Freak.

Г-ѓа. Реда работи во новиот закон да се воведе заштита на сите кои ги пренесуваат пиратските содржини. Така добар дел од филмските студија бараат Google да биде одговорен за секој линк кој се појавува во нивниот пребарувач и веднаш да биде отстранет. Иако Google може и да се спротистави на барањата на музичките и филмски студија, помалите сајтови или сервиси за жал немаат ваква можност, па од страв од коорпорациски тужби најчесто ги отстрануваат содржините, дури и кога нема законска основа.

Сепак, како што пишува г. Фалквинг на Torrent Freak, законот не зависи само од пиратите, туку тој мора да биде креаиран во соработка со мнозинството „како што доликува на парламентарната демократија во Европскиот парламент“.

Потребно е секако „радикални реформи“, но добро е што оваа дебата ја предводат луѓето од Пиратската партија, а не лобисти на големите корпорации кои сакаат да ги „погазат човековите слободи и целиот интернет за да се го заштитат монополот“. Сега за прв пат легислативите на оваа тема се започнати од активисти кои сакаат интернет неутралност, вели г. Фалквинг во својата колумна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии