Европскиот супервизор за заштита на податоците побара забрана за надзорот со препознавање ликови

Поради предлабока и недемократска интрузивност препознавањето на лик треба да биде забрането во Европа, побара Европскиот супервизор за заштита на податоците. Засега ова е само предлог, а законската рамка треба да биде изработена во соработка со сите европски држави и со Европскиот парламент, пренесе Reuters.

Супервизорот за заштита на податоците повторно побара  целосна забрана за технологија за препознавање на ликови на јавна површина и изрази жалење што Европската комисија не одговорила потврдно на претходните повици.

„Со оглед на тоа дека биометриската идентификација, каде вештачка интелигенција која може да придонесе до непредвидени последици, претставува екстремен ризик за длабок и недемократски упад во приватниот живот на поединците неопходен е построг пристап.

Европскиот супервизор за заштита на податоците ќе се фокусира на поставување на прецизни граници за овие алатки и системи кои претставуваат ризик за основните права за заштита на податоците и приватноста“, велат од ЕСЗП.

Неколку дена пред оваа објава Европската комисија излезе со предлог рамка која ќе овозможи препознавањето ликови да се користи за барање на исчезнати деца или терористи во случај на опасност од терористички напади. Предлогот е цел на критики од повеќе граѓански здруженија за заштита на податоците кои предупредуваат на можни злоупотреби на пропустите кои ги остава предлог законот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии