Европскиот суд на Правдата застана против веб филтрите за пиратерија

Европскиот суд на Правдата одлучи дека издавачите на содржина не смеат да бараат од интернет провајдерите да филтрираат нелегална содржина. Оваа одлука доаѓа по барање на забавната индустрија да се спречи пиратеријата со интервенција на провајдерите.

Претходно, уште во 2004-та година, белгиски суд дозволи издавачите да можат да бараат од интернет провајдерите да ја филтрираат пиратска содржина. Oдлуката дојде откако белгиска компанија за заштита на авторските права на музичарите откри дека корисниците на интернет провајдерот Scarlet симнуваат пиратерија преку P2P мрежата и побара филтрирање на содржината.

Провајдерот Scarlet тогаш се побуни за одлуката велејќи дека тоа ќе ги спречи да бидат конкурентни бидејќи ќе треба да инсталираат скапа опрема за филтрирање и апелираше до европскиот суд.

Седум години подоцна, сега, Европскиот суд на Правдата одлучи дека принудувањето да се филтрира содржината се коси со Директивата за електронска трговија и ја укина претходната одлука.

„Системот за филтрирање би ги нарушил и основните права на корисниците, главно нивното право на заштита на нивните лични податоци и нивното право да примаат или споделуваат информации.“, вели судот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии