Европскиот суд ќе одлучува дали Uber е дигитална апликација или такси

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Кога таксистите бараа Uber да биде третиран подеднакво, од Uber се бранеа дека тие се всушност дигитален сервис, а не превозник. Сепак, Европскиот суд на Правдата ќе донесе одлука дали Uber може да го користи ова како одбрана.

Секако оваа одлука нема никако да влијае на Uber. Компаниајта ќе продолжи да функционира како и досега. Па, зошто тогаш судот воопшто расправа за ова? Причината е едноставана, ако одлучат дека Uber е такси превоз, ќе престанат да бидат дигитална услуга. Дигиталните услуги во Европа се зашитени и се регулираат на ниво на Унијата. Секоја држава членка мора да испрати извештај до Европската комисија за мерките кои ги спореведува, и тие не смее да дискриминираат, вели Reuters.

Такси превозот не е регулиран на ова ниво. Односно, секоја држава членка самостојно ќе одлучи дали да бидат третирани како и сите такси превозници.

Сите судови во државите членки на Европската Унија ќе можат да и наложат на компанијата да ги исполнува сите услови како и таксистите.

Советникот на Европскиот суд на правдата, констатирал дека Uber е поблиску до превозник отколку до дигитален сервис. Компанијата прави многу повеќе отколку единствено поврзување на побарувачката и давачите на услуги, вели советникот.

Ова најверојатно е уште појасно од следните планови на Uber. Компанијaта сака да ги замени возачите со автономни возила. Штом технологијата дојде на ова ниво, Uber веднаш ќе стане превозник, без разлика дали возилата ги повикувате од апликција или не.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии