Европскиот суд го укина договорот помеѓу САД и ЕУ за чување на кориснички податоци

Договорот помеѓу САД и Европската Унија, наречен Safe Harbour, со кој се дозволува чување на податоците на Европјани на сервери во САД повеќе не важи. Ова е одлука на Европскиот суд на правдата, врз која несомнено имаат влијание доверливите податоци кои ги сподели поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, а кои oткрија дека агенциите во САД постојано го забиколуваат законот. Барање на судот е сите 28 членки на Унијата да имаат увид во тоа како се собираат и користат информациите на граѓаните на секоја од државите. Најголем дел од државите членки на Европската Унија, имаат различни закони кои мора да бидат почитувани, пренесува New York Times

„Safe Harbour“ е договор помеѓу САД и Европа со кој податоците на жителите на Европа можат да бидат префрлени и чувани во САД. Единствен услов за префрлањето на овие податоци е компанијата и државата да гарантираат за безбедноста и тајноста на податоците. Но, доверливите документи кои г. Сноуден ги украде и објави јавно, покажуваат дека агенциите во САД имаат пристап до податочните центри на технолошките гиганти, а добар дел од времето како што дознавме, ниту самите компании не знаеле дека комуникациите се прислушувани и следени.

Со промената наместо само дозвола за префлање на податоците, двете страни (држава членка на Унијата и компанијата) ќе креираат договор со стандарди за заштита. Секоја од државите може сама да одлучи и да не дозволи чување на податоците на своите граѓани во САД, но можат да побараат од компаниите, податоците на граѓаните да бидат чувани единствено во матичната држава. Посебно е издвоен Facebook, за кој ирските законодавци ќе проверат дали Европјаните се доволно заштитени при трансферот на податоците од ЕУ во САД.

Дел од компаниите како Facebook и Microsoft, а и претставници во законодавните домови на ЕУ, велат дека одлуката на судот нема премногу да влијае на работата на компаниите, сервисите ќе продолжат да функционираат како и досега, бидејќи останатите договори кои ги имаат со Унијата, ќе обезбедат доволна заштита. Активистите за заштита на дигиталните права ја поздравија одлуката на Европскиот суд на правдата, а признание на судот му оддаде и г. Сноуден преку новокреираниот Twitter профил.

2 коментари на “Европскиот суд го укина договорот помеѓу САД и ЕУ за чување на кориснички податоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии