Европскиот пазар на апликации отвори 794.000 работни места и вреди 10 милијарди евра

Eвропа има огромен пазар за апликации кој пред пет години не ни постоеше, со вредност од 10 милијарди долари која е само врв на сантата мраз. Според најновиот извештај на VisionMobile и Plum Consulting, европската мобилна економија отвори 794.000 нови работи места од кои 529.000 се директно поврзани со креирање на апликации. Од нив 60 отсто нови работни места се отворени за програмерите на апликациите.

Според евро-комесарката за европската Дигитална агенда, Нели Крус, воопшто не е чудно што оваа индустрија забележува толкав голем подем во последните пет години. Развојот зависи од слободата на иновацијата од било кое место, и разновидни бизнис модели кои можат да ги пореметат традиционалните пазари и креираат нови. Значителен успех доаѓа и од тоа што апликациите се транс-национални, тие се „идеи кои веќе се споделуваат и продаваат преку националните граници“.

Сепак пазарот на мобилни апликации допрва се развива, а за негов напредок потребно е пред се да се ослободат јавните податоци. Европа, а покрај неа и Македонија, веќе почна да работи на проект и кои треба да завршат во следните 2 години, и кои ќе им дозволат на сите програмери да ги искористат јавните податоци за своите апликации. Со нив, програмерите ќе креираат апликации со кои ќе го унапреда општеството, но и да започнат бизниси во кои ќе вработат други луѓе.

Дополнително, вели г-ѓа. Крус, за развој на пазарот на апликации е важно да се срушат европските граници во телекомуникациите. САД е во предност бидејќи е една федерална држава, додека во Европа има куп земји кои се водат по свои правила, а во нив куп телекоми кои наплаќаат скапо за роаминг повици и роаминг интернет, иако Европа е отворен пазар. Затоа ЕУ изврши притисок да ги намали цените на роаминг значително меѓу своите земји-членки. Иако и Македонија сака да го следи овој пример, сепак ќе и треба помош од ЕУ за да ги убеди телекомите да истрпат загуба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии