Европскиот парламент го донесе законот за стрим на содржина

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Image courtesy of Netflix

Над 30% од содржините кои ги стримаат онлајн телевизиите мора да бидат локални, поточно од регионот. Ова е одлуката на Европскиот парламент, која се однесува на сервиси како Netflix, Hulu и Amazon.

Одлуката се однесува и на Facebook и YouTube, но и на помали локални сервиси кои имаат стриминг. Ова не е сè, дистрибутерите ќе мора да инвестираат во изработка на европски филмови и серии. Колку ќе инвестираат зависи од заработката во таа држава, јави Hollywood Reporter.

Законот кој сега треба да го потврди и министерскиот совет има и одредба за рекламите. Компаниите кои пренесуваат содржина можат да емитуваат најмногу 20% рекламна содржина. Сепак денот е поделен на 2 дела од 2 изутрина до 6 попладне, и од 6 попладне до 6 изутрина. Рекламите во овие периоди нема да смеат да надминат 20%.

Netflix и Amazon веќе креираат содржина локално, па ова нема да биде проблем за овие компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии