Европскиот парламент гласаше против интернет неутралност

Европскиот парламент го изгласа Законот за интернет неутралноста притоа одбивајќи ги сите амандмани со кои се штитеше неутралноста. Поради ова интернет неутралноста во Европа е оставена на добрата волја на судовите и на провајдерите. „Денешното гласање за единствен пазар на телеком, во Европскиот Парламент е составено од прекршени ветувања, како за прекинување на роаминг тарифите така и за обезбедување на интернет неутралноста,“ вели Џулија Реда, претставник на Пиратската партија во Европскиот парламент.

Парламентот требаше да ги изгласа правилата за заштита на интернет неутралноста, но неколку пропусти прават новиот закон да биде опасен за фер користењето на Интернетот, а дел од критичарите, како Барбара вон Шевик, правник од Универзитетот Стенфорд, велат дека по изгласаниот закон, заштитата на интернет е подобра во САД отколку во Европа. Најголемиот проблем во законот и по двегодишни преговори не е отстранет – законот предвидува специјализирани сервиси да можат да платат повеќе за да биде побрзо доставен. Замислата зад ова е добра – намената е за автономните возила или медицински тимови, односно за затворени мрежи кај кои брзината е од исклучителна важност. Сепак преопширното толкување на законот дозволува оваа можност да се злоупотреби за креирање на „двослоен“ сообраќај, односно брзи ленти.

Законот вели дека провајдерите не смеат да блокираат или забавуваат веб-сајтови или дополнително да наплаќаат за побрз пристап. Сепак доколку било која компанија успее да ги искористи пропустите во законот и да создаде специјализирана услуга, понатаму законот нема механизам за заштита на крајните корисници. Освен ова провајдерите ќе можат да создадат повеќе класи на интернет сообраќај и да определат брзината за овој сообраќај, со можност за нејзино намалување, и тоа не само во случај на преоптовареност.

Новиот закон дозволува Zero-Rating, односно пракса која на провајдерите им овозможува да им понудат на корисниците бесплатен сообраќај со некоја апликација. Ова можеби наизглед делува како добра пракса, но всушност е во директна спрoтивност со конуренцијата и отворениот пазар. Корисникот нема да има избор за тоа кои апликации бесплатно ќе ги користи, а без сомневање тоа најчесто ќе бидат социјалните мрежи – пример Facebook. Поради ова другите друштвени мрежи или сервиси ќе бидат во значително полоша ситуација.

Една од измените за кои беа најавени амандмани се деталното определување на специјализираните сервиси, целосно укинување на повеќеслојниот сообраќај кој би овозможил брзи ленти. За жал како што тоа вообичаено бива, расправата отиде во потполно погрешна насока и остана без суштински разговори за она што треба да се поправи во законот, констатира Ars Technica.

Со носењето на законот каков што е стапува во сила во сите држави членки на Унијата, заменувајќи ги законите кои веќе постојат, иако Словенија и Холандија имаат далеку подобри закони за заштита на интернет неутралноста.

1 коментар на “Европскиот парламент гласаше против интернет неутралност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии