Европскиот алгоритам за електрична мрежа се уште не е совршен

Eвропа сака еден енергетски пазар, и за ова да успее потребно е Euphemia, или Pan-European Hybrid Electricity Market Integration Algorithm, да овозможи унификација помеѓу државите. Euphemia е алгоритaм кој треба да овозможи единствен пазар на кој државите ќе можат да ги внесат своите побарувања или понуди и цена, а потоа алгоритaмот ќе им врати цена и оценка за капацитетот на мрежата, внимавајќи некој дел од неа да не биде преоптоварен.

Според проценките, Euphemia на Европа би можела да и заштеди до 100 милиони евра годишно, но сепак имплемeнтацијата на алгоритaмот е одложена три недели од 1-ви за 23-ти април, поради процените дека постои можност од прекини во електричната енергија, јави Motherboard.

Според енергетските регулатири на Белгија, Euphemia има огрoмен проблем кој може да остави цели држави без електрична енергија. Проблемот е таканаречено „не-интуитивно“ тргување со енергијата. Причина за прекините е непредвидливото однесување на алгоритамот, односно дел од државите кои имаат висока цена на електричната енергија и мало производство, би можеле да станат извозници на истата, што ќе доведе до прекин на електричната енергија.

Интересно можна е и обратната ситуација во која државите извозници со големи резерви би започнале да увезуваат електрична енергија. Прична за ова однесување е оптимизацијата на мрежата која ја прави алгоритамот. Оптимизацијата до сега се правеше со проценка на енергијата која е потребна, алгоритамот пак овозможува поточни и динамички процени со што ќе се зголеми можноста за пренос на електрична енергија помеѓу државите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии