Европската Унија со казна од 110 милиони евра за Facebook

Поради криење на податоци и давање на лажни податоци при купувањето на WhatsApp, Facebook заработи казна од 110 милиони евра, јави BBC.

В0 2014 година Европската комисија ја дозволи зделката вредна 22 милијарди долари. Facebook тогаш тврдеше дека нема да има никава промена во правилата за користење на апликацијата. Сепак, во 2016 година компанијатата ги промени правилата за користење, па поради ова Комисијата започна истрага. Facebook веќе плати казна од 2 милиони евра во Италија и 150.000 во Франција, поради промената на правилата за користење на WhatsApp.

Истрагата покажа дека и во 2014 година, наспроти тврдењата на Facebook, компанијата имала можност да ги спои идентитетот на корисниците на Facebook и WhatsApp. Според тврдењата на Европската комисија, претставниците на Facebook, во 2014 година тврделе дека не може да се спојуваат податоците од двете платформи.

Податоците од новата истрага нема да ја променат дозволата за купување од пред неколку години. Комисијата вели дека ниту тогаш немало да влијае на нивната одлука. Сепак поради давање на лажни податоци Facebook е казнет. Максималната казна за овој прекршок е 1% од прометот или два пати од сегашната казна.

Друштвената мрeжа ја призна грешката направена во 2014 година.

„Направени се ненамерни грешки во податоците од 2014 година. Комисијата потврди дека немаат никакво влијание на одлуката. Со денешната објава случајот е затворен“, велат од Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии