Европската унија го казни Microsoft со 561 милиони евра

Покрај неколкуте игнорирани предупредувања, Европската Унија го казни Microsoft кој веќе две години одбиваше да им даде опција на корисниците Windows да избираат сопствен веб прегледувач, туку со самото инсталирање на ОС-от им наложуваше да го користат Internet Explorer.

Microsoft во 2009-та година потпиша договор со ЕУ во времетраење од 5 години дека на корисниците на Windows оперативниот систем ќе им биде овозможено да изберат веб прелистувач, наместо стандардно да биде поставен Internet Explorer како единствен почетен веб прелистувач. Microsoft првин го објави решението, но во една од надоградбите таа опција беше отстранета. Компанијата се паравдаше дека се работи за техничка грешка и дека ќе ја поправат, но ниту поправката, ниту „екранот за избор на прелистувач“ не беа објавени, па на ЕУ не и остана ништо друго освен да го казни гигантот со кого има долгогодишни расправи. Претходно ЕУ го казни Microsoft со 1,6 милијарди долари поради криење на информации од конкурентите.

Сега за својата „техничка грешка“ Microsoft ќе треба да плати 561 милиони евра (732 мил. долари). Засега нема коментар од Microsoft, додека eвро-комесарот за конкуренција Маниел Алмунија истакна дека „правното постигнување на договор во борбата против монополот играат голема улога во нашата политика, бидејќи овозможува брзи решенија за правилно да го заштитиме пазарното натпреварување. Секако, таквите одлуки бараат строго почитување, а без тоа се работи за сериозен прекршок кој мора да биде казнет“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии