Eвропската Унија ќе гради „супер-база на кориснички податоци“

Новиот план за борба против тероризмот на Европската комисија, предлага собирање на куп податоци и нивно чување во период од пет години за сите патници кои со слетуваат или полетуваат од Европа, јави Guardian. Планот опфаќа креирање на „супер-база на податоци“ која ќе ги содржи податоците на сите кои слетуваат и летаат надвор од Европа без разлика од која држава членка го прават ова.

Според планост за секој влез во Европа со авион ќе бидат потребни 42 различни лични податоци за секој патник. Помеѓу податоците се: броеви на сите кредитни картички кој ги поседува патникот, домашна адреса, „billing“-адреса, но и јадење кое патникот го претпочита. Сите овие податоци ќе бидат сместени во база на податоци која до пет години ќе имаат пристап полицијата и безбедносните служби.

Носењето на нешто променет план, кој веќе еднаш е одбиен во 2012 година, е реакција на терористичкиот напад во Париз, но и полициските акции во периодот по нападот. Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на маршот „Je Suis Charlie“, излегоа со заедничко барање за носење на закон за податoци на патниците од и во ЕУ.

Сепак не се сите воодушевени со предлог законот.

„Предологот е кршење на основните човекови права за прибирање на податоците на сите патници. Наместо собирање податоци за сите патници треба да се фокусира на осомничени лица и летови кон опасни дестинации. Нападите од Париз покажаа дека собирање на податоци на куп не се ефикасни во борба со џихадистите“, вели Јан Филип Албрехт од Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент.

Поборниците за граѓанска слобода додаваат дека предологот ќе ја прекрши одлуката на Европскиот суд на правдата кој неодамна донесе одлука дека собирање на лични податоци на куп без притоа да се имаат заштитни мерки е сериозно нарушување на приватноста.

Сè чини дека единственото прашање кое можеби се поставува е, дали можеби овие промени не покажуваат дека терористите веќе победија?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии