Европската Унија бара од платформите филтирирање на содржина, кодот не е исклучен

Европската Унија разгледува предлог закон кој ќе овозможи филтирање и надзор на споделена содржина. Ова секако и не е некоја новост, но овој пат дел од овие платформи се и платформите за споделување на код, како на пример Github.

Предлогот главно се однесува на платформи за споделување на музика и видео. Овие сервиси преку споделување на содржини зараборуваат добро, иако често и содржината не е дозволена за споделување. Поради ова, Европската Унија сака автоматски да се филтрира содржината која може да се закачи на овие сервиси.

Автоматското филтирање на содржина никогаш не е добра идеја. Генерално ова овозможува креирање на машина за цензура, а потоа никој не е одговорен што системот отстранува содржини.

„Филтирањето на код ќе го направи системот помалку доверлив и поскап“, велат од Github на својот блог.

Поради ова од платформата излегоа со апел до сите европски девелопери. Да одат и да разговараат со своите претставници. Да им објаснат дека ваков систем е своевидна форма на следење на луѓето; ја нарушува слободата на говор; не е ефикасен, алатките не се совршени, па дел од содржините ќе се „протнуваат“, а дел кои не треба да бидат отстранети, ќе бидат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии