Дали интернет провајдерите ќе треба да воведат посебни пракси за менаџирање на сообраќајот, приотеризирање на интернет сообраќајот и дали таквото менаџирање може да направи проблем и не фер ефекти за корисниците… сите овие клучни прашања за нет неутралноста ќе бидат разгледани од Европската Комисија која ги повика корисниците, провајдерите, хардверските компании и сите други во јавните консултации кои ќе траат до 30 септември.

Комисијата вели дека треба да се разгледаат техниките на менаџирање на содржина кои ги користат провајдерите, пример контрола на тешкиот сообраќај како интернет телевизија и како се тој сообраќај менаџира од провајдерите со цел да обезбедат ефикасен пристап. Но постои можност да се појави проблем кога тие техники се користат за приотеризирање на одредени сервиси или апликација и со тоа нивно деградирање во конкурентниот пазар со што се повредуваат корисниците.

„Посветена сум да го одржуваме интернетот отворен и неутрален. Корисниците треба да можат да пристапат до која и да било содржина посакаат. Провајдерите на содржина и операторите треба да ја имаат правиот поттик да продолжат со иновациите.“ вели ИКТ комесарката, Нели Крус.

„Но менаџирање на сообраќајот и нет неутралноста се комплексни проблеми. Не сакам да претпоставам дека еден или друг пристап е подобар. Ни треба информации од сите страни за да внимателно ги истражиме проблемите, со објективно гледиште, и да поставиме перфектен баланс меѓи сите вклучени интереси и да одредиме дали се потребни мерки.“

Повеќе детали за консултациите можат да се најдат на europa.eu.

(сликата е via vbeta.pl)

1 коментар на “Европската Комисија отвара дискусија за нет неутралноста

  1. Америка го исмисли интернетот
    Кина го цензурира
    ЕУ го направи бирократски и му е*** мамата ( арстикратски паразите)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии