Eвропската Комисија oфицијално го стартува порталот за отворени податоци

Open Data Portal е нов сајт на Европската Комисија на кој може да се најдат над 5.800 јавни документи, од кои повеќето доаѓаат од статистичарите Eurostat. Порталот стартува како дел од интернационалниот Ден на отворени податоци кој се оддржува во сабота на 23-ти февруари. На сајтот можат да се најдат куп информации од разни Европски институции. Овие информации и така се јавни, но со порталот се добива полесен пристап до нив во сурова, необработена форма, како и дозвола да се користат за истражувања и креирање апликации.

„Јавните сурови податоци се неопходна алатка во информатичката ера, и се основен ресурс за креирање алатки со кои може да се донесат одлуки, како и мобилни апликации. Пристап до суровите податоци ќе го олеснат животот за развивачите на информатичките алатки и ги отстранува бариерите до информацијата, помагајѓи на растот и нови работни места во информатичкиот сектор.“, вели Комисијата.

Комисијата вели дека порталот не е конечен дел од проектот да се ослободат јавните информации, туку е „катализатор на промените“ за како ќе се менаџираат податоците во Комисијата и во иднина. Најавено е дека ќе има повеќе информации и политики за лиценцирање. По 2013-та година се очекува да се креира и пан-европски агрегатор за сите јавни податоци од сите земји-членки.

[youtube]rWYTT-eUtsw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии