Европската комисија со казна од 1.2 милијарди долари за Qualcomm

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.ЕУ

Европската комисија го казни Qualcomm 1.2 милијарди долари или 997 милиони евра. Високата казна доаѓа поради нарушување на законот на заштита на конкуренцијата. Европската комисија оцени дека Qualcomm надвор од законите му плаќал на Apple за поповолна позиција на пазарот.

Qualcomm плаќал милијарди за да ги спречи конкурентите да им продаваат чипови на Apple. Двете компании имале договор од 2011 година за ексклузивност, а поради договорот, Qualcomm му плаќал на Apple бонуси ако компанијата не купува процесори од друг производител.

„Apple во 2016 година сакал да се префрли од Qualcomm на Intel. Сепак, не можел да го направи ова поради договорот со Qualcomm“, пренесува Bloomberg.

Ова можеби ќе имаше огромно значење за Intel кој нема никаков дел од пазарот на паметни телефони. Сепак поради овој договор, ниту една компанија не можела да му продаде процесори на Apple. Поради ова Qualcomm без никаква конкуренција го освои iOS пазарот. Со оглед на заработката од продажбата на iPhone, Qualcomm има огромна предност пред конкурентите.

Компанијата најви дека веднаш ќе ја обжали одлуката на Комисијата. Казната е 4.9% од приходите на Qualcomm за 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии