Европската Комисија ја обвини Motorola Mobility дека злоупотребува свои патенти против Apple

Европската Комисија вели дека Motorola Mobility ги злоупотребила своите патенти за GPRS стандардите против Apple во Германија. Наместо да ги лиценцира своите патенти според FRAND лиценците – кои се однесуваат на стандарди во технологијата и не треба да се дискриминаторни – Motorola Mobility изврши притисок врз Apple со забрани за продажби, иако Apple сакал да се договори околу цената за лиценците. Продуктите на Apple беа повлечени од продажба преку нивниот сајтот додека траеше расправијата.

Според Европската Комисија, ваквото однесување на Motorola Mobility им штети на корисниците. Нивните патенти опфаќаат технологија која е стандардна и неопходна во работењето на паметните телефони, и затоа, под FRAND лиценците, тие треба да бидат достапни за сите компании по фер цена.

За еврокомесарот за конкурентност на пазарот, Жоаким Алмуниа, „заштитата на интелектуалната сопственост е столб на иновацијата и растот. Но, исто така е и конкуренцијата“.

„Мислам дека компаниите треба да го трошат своето време во иновација и натпреварувањето според продуктите кои ги нудат – а не да ја злоупотребуваат својата интелектуална сопственост за да ги уценуваат конкурентите и да го намалуваат изборот на корисниците.“, вели г. Алмуниа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии