Европската комисија го обвини Google за монопол со Android

Европската комисија официјално го обвини Google дека ја користи доминацијата на својот пребарувач за да и наштети на конкуренцијата и потрошувачите. Овојпат комисијата се одлучи да ја прошири истрагата и на Android оперативниот систем.

Забелешките на Европската комисија сe поделени на неколку области. Прво, компанијата е обвинета дека им дава подобар простор на своите шопинг сервиси во пребарувачот. Второ, дека Google не ги казнува своите сервиси со намален ранг во пребарувањето како што им прави на останатите сервиси; пракса штоо е започна откако пертходниот сервис за продажба Froogle пропадна. Трето, комисијата вели дека однесувањето на Google им штети на корисниците и на иновацијата бидејќи најдобрите резултати не секогаш се први на листата. И последно, поврзано со Android, Google е обвинет дека не се однесува фер спрема производителите на телефони кои го корисатат Android, иако овој оперативен систем е отворен код.

„Во случајот со Google загрижен сум дека компанијата има предност во својот, сервис за продажба, ова е кршење на законот за анти-монопол. Google сега има можност да не убеди во спротивното. Сепак доколку истражувањето покаже дека сме во право. Google ќе мора да се соочи со правни санкции“, вели комесарот на ЕУ Маргрета Вестагер.

Одговорот на Google дојде набрзо преку блог пост во кој компанијата се оправда дека корисниците имаат избор за пребарувачи:

„Луѓето имаат повеќе избор од било кога: има куп пребарувачи Bing, Yahoo, Quora, DuckDuckGo и новите говорни асистенти Siri и Cortana го овозможуваат истото…“

Според Google, иако луѓето во најголем процент го користат Google (90 отсто во Европа, над 90 и во Македонија), кога е во прашање купувањето не се прв избор на корисниците, за пример во Германија Amazon, eBay и Idealo се прв избор на купувачите. Корисниците ги користат друштвените мрежи за пронајдат место вечера, препораки за филмови или како да го декорораат домот. Податоците на Google покажуваат дела дури 85 отсто од сообраќајот кон Bild не доаѓа од Google, односно корисниците сепак пронаоѓаат начин да стигнат до своите омилени содржини.

Што се однесува до Android, Европската комисија го разгледува оперативниот систем бидејќи Google инсистира производителите да го преинсталираат нивниот пребарувач и апликации, но и да не го инсталираат софтверот на конкурентите; дел од сервисите доаѓаат во пакет, односно една апликација не може да биде инсталирана без останатите; и дека Google го забавува развојот на алтернативните верзиите на Android како Amazon OS и Xiaomi Mi.

И на ова Google се огласи со блог пост дека Android понудил најголем избор до сега, и дека се воведени анти-фрагментациски мерки што обезбедуваат сите апликации да работат на сите Android уреди.

Што се однесува до казните, комисијата последниве неколку години го наметнува својот авторитет и на сите кои не ги почитуваат одлуките им наметнува ригорозни наплати. Така Intel мораше да исплати 1,1 милијарда евра, а Microsoft околу 516 милиони. Дополнителен проблем за Google може да биде и влијанието кое ќе го има одлуката на Европската Унија врз неколку други процеси кои се водат во Русија, Бразил, Канада, Аргентина, Тајван и Индија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии