Европа воведува мерки против сајбер-тероризмот

Европската Унија сериозно размислува да воведе нов начин за справување со сајбер-тероризмот. Унијата планира да креира нова единица за анти-тероризам, која ќе биде дел од Europol и ќе биде задолжена за отстранување на повиците за Џихад на Интернет, јави Financial Times.

Единицата треба да биде подржана од сите држави членки на Унијата, а би функционирала под името Internet Referral Unit. Нападите во Париз и заканите за напади во останатите членки го забрзаа креирањето на единицата, велат претставници на ЕУ, кои го гледаат Интернетот како платформа за радикализација на младите, преку екстремистички содржини и директен контакт. Единицата ќе биде задолжена за детекција на содржини кои подржуваат тероризам и екстремизам, и оттука соработка со полицијата и останатите агенции.

Дополнително, ќе се воведе регулатива која ќе ги обврзе земјите-членки и големите компании од банкарската и енергетската индустрија, да одговараат директно на единицата во случај на сајбер напад или обид на напад. Земјите-членки ќе треба да имаат свои единици што би можеле да реагираат брзо во спречување и детектирање на онлајн тероризмот, споделувајќи информации со останатите единици од други земји.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии