Европа со поголема заштита за „свиркачите“

Европската Унија минатата недела донесе сет мерки со кои значително ќе се зголеми заштитата на „свиркачите“.

Она што ќе го овозможат новите мерки е значително поробусна заштита на свиркачите кои пријавуваат нелегална активност. Предвидена мерка се и безбедни канали за споделување на овие податоци со властите. Дополнително, во идинина на свиркачите ќе им биде заштитено и работното место, а ќе бидат заштитени и од прераспределба на нови, пониски работни позиции.

Секако мотивацијата за ова доаѓа директно од куп скандали кои и не толку одамна ги пријавија токму свиркачи: од Luxleaks и Panama Papers, па се до последниот скандал со Cambridge Analytica. Податоците излегоа благодарение на свиркачи кои ја загрозија сопствената безбедност.

„Многу скорешни скандали немаше да бидат откриени ако инсајдери не собраа храброст да проговорат. Но, тие беа под огромен ризик. Затоа сакаме подобро да ги заштитиме свиркачите. За да може подобро да ја детектираме штетата врз јавниот интерес: измама, корупција, затајување на данок или штета врз луѓето и животната средина“, вели Франс Тимерманс, заменик претседател во Европската комисија.

Законот ќе помогне за заштита на свиркачите во повеќе области. Од финансиски сервиси, перење на пари и финансирање на тероризам, па се до заштита на корисниците и јавно здравје.

Иако начелно рамката е креирана, пред сетот мерки да стане закон ќе мора да биде изгласан во парламентите на државите членки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии