Eвропа се подготвува за паневропски DDoS напад

Европските банки и интернет провајдери се приклучија на EУ во европската симулација Cyber Europe 2012 која ќе ги провери институциите дали се подготвени да се справат со паневропски сајбер напад. Институциите ќе се справат со над 1.200 напади кои би можеле да ги изгасат сервисите, да украдат податоци или да ги манипулираат цените. Вежбите ги организира Европската агенција за мрежна безбедност, Enisa.

Криштоф Соча од Компјутерскиот тим за безбедност на Европската Унија вели дека се забележани бројни сајбер напади кои направиле штета, но никој од нив не бил со големи пропорции.

„Можеме да очекуваме поголеми напади со кои би били потешко да се справиме, и ова е една од причините зошто ги правиме овие вежби: да бидеме во можност да се справиме со голем DDoS напад“, вели г. Соча за EuroNews.

Статистиката открива дека бројот на сајбер напади се зголемува секоја година. Во 2011 година бројката пораснала за 36 отсто, а најголем дел, 40 отсто, од нападите ги таргетирале финансиските институции.

Но, овие тестови сепак не се само за големи сајбер напади врз големи институции, вели еврокомесарката за дигитална агенда, Нели Крус. Според неа, секој веб сервис мора да биде безбеден за да ги мотивира граѓаните да бидат поактивни онлајн. Со вежбите ќе се зголеми и соработката меѓу европските земји-членки за побрзо решавање на ситуацијата.

[youtube]7UwTAWrFpGI[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии