Европа сака да учите ИТ вештини преку онлајн курсеви

Европската Kомисија ќе стартува мрежа на универзитетски онлајн курсеви кои ќе помогнат за развивање на вештини потребни за интернет индустријата и развој на апликации. Овие Massive Open Online Courses (MOOC) ќе овозможат достапност до квалитетно образование до домовите, вели Комисијата. Новата мрежа има цел да помогне проценување на обемот од потребата на овие вештини, но и да ги промовира MOOC за развој на дефицитарните кадри. Европската Комисија неодамна најави дека на подолгорочен план сака со сопствена стартап зона да и конкурира на Силициумската долина.

„До 2020, за 90 отсто од работните места ќе бидат потребни дигитални вештини. Ова е кус период, а ние не сме подготвени! Компаниите во Европа веќе го чувствуваат недостигот на квалификувани ICT-кадри. Мора да ја пополниме оваа празнина, а мрежата која ја стартуваме ќе ни помогне да ги идентификуваме каде се пропустите…“, вели Нили Кроес, поттпреседател на Европската Комисија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии