Eвропа сака да го регулира „облакот“

Гневна што американските власти го прислушуваат интернетот, Европа е сега решена да земе целосна контрола врз популарно наречениот „облак“. Терминот објаснува дека вашите дигитални податоци се онлајн, достапни од било каде и од било кој уред. Наједноставен пример е Facebook со кој вашите фотографии не се на вашиот компјутер, туку во облакот. Или Dropbox кој ви ги чува сите документи на нивен сервер само за да може да пристапите до нив кога сакате. Иако облакот е одлично технолошко решение за поефикасен дигитален живот, сепак проблемот е што во реалноста корисничките податоци се складираат на нечии сервери негде, во некоја друга земја што е надвор од ваша контрола, и контрола на властите кои се грижат за вас.

Cloud computing-от не беше термин кој ќе го најдете во Европската регулатива за приватни податоци од 119-страни до пред една година, пишува New York Times, но сега облакот е приоритет, откако доверливите документи објавени од поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, открија дека приватноста на интернационалните корисници на сервиси сместени во САД се злоупотребува под изговорот „национална безбедност“. Револтот од прислушувањето сега е претворен во дебата за како да се заштитат европјаните и нивните податоци дури по цена облакот да стане покомплициран за користење.

План на Европскиот Парламент е да се воведат легислативи кои ќе гарантираат дека податоците на европските корисници ќе се чуваат во Европа, иако за помалите стартапи тоа може да претставува поголем трошок, а со тоа и затварање на услугите за европјаните. Пореалистичен предлог е интернет сервисите да ги известат корисниците секогаш кога нивни податоци се префрлуваат од европскиот облак во САД или друга земја, како што европските сајтови сега ги известуваат корисниците дека ги следат со веб колачиња. Заедно со ова известување, има предлог сервисите да им ветат на корисниците дека „постои шанса вашите податоци да бидат соберени од разузнавачите служби од трети агенции“. Дури има и предлози да се воведат санкции за сите компании кои ги предаваат европските податоци на странските служби.

„Треба да сфатиме дека европските граѓани нема да го прифатат облакот бидејќи ќе бидат загрижени за нивната приватност и безбедноста на нивните податоци.“, вели евро-комесарката задолжена за Дигиталната Агенда, Нели Крус.

Европа не е сама…

Европа и европските земји, како Франција и Германија, не се единствените кои се изнервирани од дрското однесување на американските агенции. Јужно-американскиот Бразил забрзано работи на воведување легислативи за облакот и заштита на приватните податоци. Бразилската претседателка Дилма Роусеф најави дека владата има направено безбедносен имејл систем за да ги зашти официјалните комуникации за шпионирање од САД и другите земји. Г-ѓа. Роусеф минатиот месец најави пред Обединетите нации дека Бразил ќе организира и интернационална конференција за интернет владеење.

„Ова е првиот чекор кон заштита на приватноста и безбедноста на официјалните податоци.“, вели бразилскaта претседателка.

2 коментари на “Eвропа сака да го регулира „облакот“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии