Eвропа сака да ги контролира монополите на Google, Amazon и Facebook

Европската Унија размислува за керирање на нов регулатор кој ќe биде задолжен за компании кои имаат речиси монополски статус како Facebook и Google. Новата комисија ќе биде задолжена за економската закана која ја претставуваат овие компании, јавува Wall Street Journal, повикувајќи се на документ од Комисијата кој не е официјализиран.

„Пребарувачите, онлајн маркетите и друштвените мрежи се претвараат во супер-седишта кој можат да бидат од системска важност за остатокот за економијата. Само во мал дел од економијата нема да има влијание од овие ентитети“, се вели извештајот на Европската Унија. Најголем дел од компаниите кои се споменати во листата доаѓаат од САД, всушност од 32-та споменати примери единствено 5 доаѓаат од некоја друга држава. Најголемите технолошки компании од САД, Google, Facebook и Амазон се дел од листата. Европскиот Spotify AB е еден од ретките примери на компании надвор од САД.

За сега формирањето на ова регулаторно тело е далеку од реализација, најпрво предлогот треба да се достави до владите на државите членки, а потоа да биде изгласан од парламентот, итн. што значи дека предлогот ќе претрпи промени до својата финална верзија. Тоа што се чини останува константа е желбата на Европа да ги контролира монополите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии