Европа прифати строги правила за заштита на личните податоци

Европа ќе добие нов закон за заштита на личните податоци. Законот е донесен оваа недела, а промените ќе започнат да се применуваат од 2017 година. Законот е порестриктивен отколку што првично се претпоставуваше, а ќе стапи во сила во сите 28 држави членки. „Еден континент, еден закон“, како што вели Европската комисија во своето соопштение.

„Новите пан-европски правила се добри за граѓаните и за компаниите. Сите ќе профитираат од јасни правила прилагодени на дигиталното време“, вели Вера Јорова, Европски комесар за правда.

Со законот се воведуваат ригорозни мерки против компании кои ќе злоупотребуваат кориснички податоци. Правилата ќе важат како за компаниите лоцирани во Европа, така и за компаниите кои имаат податоци за корисници од Европа или нудат сервиси во Европа. Ќе постојат национални агенции кои ќе можат да изречат казни од стотици милиони долари (4 отсто од заработката на компаниите на глобално ниво), доколку се наруши приватноста на корисниците. Правото да се биде заборавен е додадено во законот, што ќе им дозволи на Европјаните да бараат бришење на линкови и содржини кои се застарени, нерелевантни и кои им ја нарушуваат приватноста. До Google веќе се поднесени околу 350.000 барања за бришење на линковите.

Амандманот што им забранува на тинејџерите да користат друштвени мрежи без дозвола на родител е усвоен, дури и поригорозен. Од 2017 година корисниците кои се помлади од 16 години ќе мора да користат интернет со надзор од родителите.

Освен правото на приватност, правото да бидеш заборавен, добри вести за корисниците е што сега ќе добиваат повеќе информации за како се обработуваат и за што се користат нивните податоци. Корисниците ќе имаат право и на пренос на податоци помеѓу сервиси. Можеби поважно е што сега компаниите се обрзани во рок од три дена да го пријават секој напад врз нивните бази на податоци, и сите можни пробивања и крадење на податоците. Овие информации треба да бидат испратени до националните безбедносни агенции кои ќе соработуваат на европско ниво.

Но, иако е наменет за заштита на корисниците, поголемите компании велат дека законот е далеку поригорозен од условите кои треба компаниите да ги исполнат на други пазари, главно во САД. Претставниците на големите американски компании се жалат дека е претерана заштитата на помалите компании, а казните кои се процент од глобалната заработувачка се претерани.

Законот сè уште не е во официјално донесен. Конечната верзија на законот се очекува да биде и формално прифатена по гласањето на Европскиот парламент и Советот на министри што се закажани за почетокот на 2016 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии