Европа повторно остана без IPv4 адреси

Дејан Соколоски

во Веб, ИТ.ЕУ

„Европски IP мрежи“ (Réseaux IP Européens), организација задолжена за регионален интернет регистар за Европа, Блискиот Исток и делови од Централна Азија објави дека немаат IPv4 адреси. Ова значи дека организацијата го пделила последниот блок на адреси, и сите на кој им е потребна IP адреса ќе мора да почекаат да се ослободи простор, вели Ars Technica.

Ослободувањето на простор не е толку едноставно и значи дека заинтересираните треба да чекаат неуспех на некоја друга компанија, па да го заземат нејзиното место. Едно од решенијата на проблемот е префрлање од IPv4 на IPv6

Ова е најголем проблем за новите интернет провајдери. Крајните корисници и малите и средни компании времено користат IP адреси на провајдерите. Провајдерите пак за секој 1000 корисници мора да имаат 1000 адреси. Ако воIPv4 се достапни вкупно 4,2 милијарди адреси, на IPv6 има 340 ундецилиони (undecilion) адреси.

За жал прифаќањето на новиот IPv6 протокол е бавно. Помалку од секој трет корисник користи IPv6 адреса заклучно со 24 ноември вели Google.

1 коментар на “Европа повторно остана без IPv4 адреси

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии