Европа повторно го напаѓа Google, овојпат бара пофер резултати во пребарувањето

Притисокот на дел од државите-членки, пред се Франција и Германија, врз Европската комисија ќе предизвика повторно да се разгледа спогодбата за конкурентност која е постигната со Google. Европа сака Google да биде фер во прикажувањето на резултатите кои водат до услугите кои ги нуди компанијата и конкурентите. Компанијата со првичниот договор нема да плати казна, а успеа и да го избегне понатамошното „ѕиркање“ во алгоритамот на пребарувачот. Доколку Европската комисија ги одбие предлозите и договор не биде постигнат, Google би можел да биде казнет со 600 милиони долари односно, 10 отсто од годишната заработка.

Договорот освен од политичарите се најде под критика и на дел од техничките компании како Microsoft или Yelp. Пред се критичарите го напаѓаат eвро-комесарот за конкуренција, Жоаким Алмуниа, кој ја прифати спогодбата без притоа да се консултира со никого. Комисијата откри дека ги разгледува жалбите и конечната одлука ќе јa донесе во септември.

„Барањата на политичарите во Европа за скалпот на Google се огромни, вклучително во областа на антимонопол“, вели Професорот по право Николас Пети од Универзитетот Лиеж, за New York Times.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, инсистира дека вака важен договор со Google не може да биде донесен од Комисија во заминување. „Европската унија мора внимателно да донесе одлука за тоа како ќе се однесува со Google. Не може да разговараме со Google со месеци, а потоа оваа одлука да ја донесеме кога половина Европа е на летен одмор.“, пренесува Reuters.

Засега се шпекулира дека комисијата ќе ревидира дел од договорот со Google, но Bloomberg најавува и дека е можно отворање на ново разгледување поврзано со Android. Ова сепак најверојатно нема да се случи пред изборот на новиот состав на комисијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии