Европа и Кина заеднички тестираат технологија за сателити за бури

Кина и Европа решија да се здружат и со заеднички сили да работат на технологија која би можела да им помогне на сателитите подетално да ги анализираат бурите.

Европската Вселенска Агенција (The European Space Agency) објасни дека со заедничка соработка со Националниот Вселенски Центар на Кина (National Space Center) ќе вршат тестови со две направи кои се осмислени да пренесат слики во висока резолуција од орбита, односно од 36 000 километри.

Европската агенција се изјасни дека доколку тестовите се покажат успешни, следниот чекор би бил вселенска мисија. Инаку, ова е прв пат Европа и Кина заеднички да работат на тестирање и изработка на инструмент.

Потребата за вакво нешто доаѓа поради тоа што моментните системи на сателитите не можат да собираат податоци за температура и влажност кои се важни за ефикасно следење бури.

Секоја година, тропските циклони во северозападниот дел на Пацификот се озбилна закана за Кина и за земјите во регионот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии