Европа ќе го казни непослушниот Microsoft

На европските регулатори по се изгlеда им здодеа однесувањето на Microsoft. Откако во јули се заканија дека ќе го казнат Microsoft, сега отпочнуваат со правна развршница на случајот, јавува Reuters. Откако регулаторите чекаа три години за рамноправно  интегрирање на сите прелистувачи во Windows 7, а тоа не се случи, тие се подготвуваат за правна разрешница.

Microsoft не оспорува дека не се однесува според договерните правила, односно го прекршуваат договорот на кој се обврза. Иако прифати, сепак не ја спороведува одлуката на која се обврз ауште пред 3 години да им понуди избор на прелистувачи на сите европски корисници кои ќе инсталираат Windows 7 .

ЕУ го примора Microsoft на ваков договор бидејќи сакаше корисниците да имаат избор на прелистувачи кои ќе бидат еднакво третирани како Internet Explorer кој доаѓа со Windows. Според најавата, во Windows 8 на корисниците ќе им биде понудена можност да одбирање на прелистувач. Но и тука конкурентските прелистувачи се жалат на фаворизирање на Internet Explorer.

Доколку биде прогласен за виновен, Microsoft се соочува со казна од 10 проценти од годишната заработка, oдносно 7,6 милијарди долари. До сега најголемата казна од ЕУ е таа од 1,36 милијарди долари  изречена на Intel во 2009-та година. Втор е Мicrosoft кој во 2007 година плати околу 900 милиони долари казна заради лиценци.

 

6 коментари на “Европа ќе го казни непослушниот Microsoft

  1. Iako i mojata deviza e "kolku pomalku Microsoft-ov softver vo kompjuterot, tolku pomalku me boli glava", sepak mislam deka nikoj nema pravo da mu se mesa nitu na Microsoft nitu na Apple za sodrzinata na nivniot softver. Ako ne ti se dopagja Windows, kupi si Apple OS ili instaliraj Linux – sepak imas izbor

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии