Eвропа и САД се блиску до договор за споделување на кориснички податоци

Европа и САД се во финална фаза на преговори со кој ќе биде донесен нов закон за споделување на податоците на граѓаните на Европаската Унија со САД. Промените на законот доаѓаат откако пред неколку години Едвард Сноуден објави како државните служби од САД ги прибираат податоците.

Европската Унија и САД работат на нов договор од јануари 2014 под името Safe Harbour кој ќе овозможи безбедно и едноставно префрлање на податоците на компаниите. Со новата спогодба американските компании нема да смеат повеќе да ги споделуваат податоците со трети корисници, главна причина за ове е што компаниите кои соработуваат со Safe Harbour ќе добиваат сертификат, па префрлањето на податоците на други компании ќе овозможи злоупотреба поради тоа што компаниите можеби и не ги исполнуваат основните услови за влез во програмата.

Обезбедување на програмата ќе се прави од двете страни САД и ЕУ, вклучително со податоците кои покажуваат дали агенциите во САД го почитуваат договорот. Неодамна администрацијата на преседателот на САД, Барак Обама, започна со реформи за следењето на луѓето, со кои што ќе бидат избришани милиони телефонски разговори, јави Venture Beat.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии