Eвропа и Јужна Кореја работат на 5G интернет

Европската Унија и Јужна Кореја ја објавија заедничката соработка за подобар мобилен интернет – 5G . Засега станува збор за избор на стандардот, фрекфенциите и разбој на системот. Ќе треба да има глобален концензус за да биде финализиран костурот на 5G мрежата. За оваа цел двете страни ќе формираат заеднички тим кој ќе работи на проблемите и воспоставување на новите стандарди. Првичната идеја е HD видеото за чие преземање на 4G мрежата се потребни 6 минути, на 5G да се симнуваат за 6 секунди.

Интересот за 5G во Европа доаѓа откако континентот започна да ја губи трката за телекомуникации со останатите континенти, а европските лидерите се решени да го вратат приматот во Европа. Најголем конкурент на овој проект е кинескиот Huawei во чиј проект инвестира и кинеската влада, а тука се и програмите во САД кои иако немаат свој фаворит оставаат на универзитетите да го пронајдат новото решение, јави Wall Street Journal.

„Колку побрзо толку подобро – од клучно значење е да се вратиме повторно во водство. Во деведесеттите бевме во пол позиција, зборувавме за GSM, би било убаво повторно да се вратиме таму“, вели евро-комесарката за Дигитална агенда, Нели Крус.

Партнерството помеѓу Јужна Кореа и Европа ќе доведе до соработа на неколку гиганти како Samsung, LG и Ericsson, Nokia, Siemens. Предвидениот буџет за проектот е 700 милиони евра од Европската комисија и 3 милијарди евра од партнерите во индустријата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии