Европа го обвини Google за монопол

Комесарка за конкурентност во Европска унија, Маргарет Вестагер од Данска, вели дека Google ја злоупотребува својата доминација на пазарот и се соочува со казна од 6 милијарди долари. Google се користи од на 95 отсто од Европејците, и ова му дава моќ да го користи својот пребарувач за промовирање на своите сервиси.

Г-ѓа. Вестагер е најгласниот говорник против злоупотребата на позициите на пазарот, а покрај Google накоро со сериозен проблем би можеле да се соочи и руски Gazprom, за слични обвиненија како и Google. Двете компании Google и Gazprom мора на обвинението против монопол на пазарот да одговорат до јули, доколки не го направат тоа и биде утврдено дека го прекршиле Законот против монопл, ќе бидат казнети со 10 отсто од своите приходи. За Google казната може да достигне до 6,5 милијарди долари. Комисијата покрај овие две компании започнува истрага и против Apple, Fiat, Amazon, Starbucks, General Electrics и McDonald’s – под обвинение за даночно затајување, јави Time.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии