Европа го направи првиот чекор за крај на геоблокирањето

На почетокот на следната година Европскиот парламент ќе гласа да го направи првиот исчекор за крај на геоблокирањето во Европа. Станува збор за симболичен потег, кој ќе се однесува единствено на онлајн купувањето и со низа прашања кои ќе треба дополнително да се одговорат.

Сепак, новиот закон ќе овозможи жителите на Унијата да купат некој производ онлајн од било која држава. Ова е важно пред сѐ за единствениот дигитален пазар кој е една од главните цели на Европската Унија подолг период.

Одлуката ја поддржаа сите 28 држави членки, Европскиот парламент и Европската комисија, јави Reuters.

Законот ќе овозможи купувачот сам да си одреди од каде ќе купи некој производ. Продавачите нема да можат да ги редиректираат корисниците на веб-страниците од државата. Односно, ако производот е достапен во некоја држава членка, ќе може да биде испорачан секаде.

Делот со испораката е проблематичен. Ако продавницата од која го купува производот не врши испорака преку граница, купувачот самиот ќе мора да се снајде за транспорт.

Лоша вест е дека за музика и серии сè уште не важат истите правила. Оваа содржина, која е подложна на интелектуална сопственост, останува како што е. Ова е еден од проблемите кои Европската Унија се обидува да го надмине. Трагичното е што преку граничина размена на овие содржини, ЕУ би им овозможила на заедниците чии јазик е малцински, содржината да ја гледаат на својот јазик.

3 коментари на “Европа го направи првиот чекор за крај на геоблокирањето

  1. “Трагичното е што преку гранчина размена на овие содржини, ЕУ би им овозможила на заедниците чии јазик е малцински, содржината да ја гледаат на својот јазик.”

    Како тоа, трагично? Не разбирам.

    1. Сфатив. Оригиналот е:

      “The European Consumer Organisation (BEUC) argued that, by not including copyright-protected materials, consumer choice would be limited for people living or studying abroad.
      “It is especially frustrating for consumers who belong to a linguistic minority and would like to watch series or films in their own language,” Monique Goyens, the director general of BEUC, said in a statement. ”

      Последниот пасус изгледа како заклучок на целиот текст, а не како продолжение на предходниот, and there is the problem.

      1. Не мислев баш на ова. Повеќе во насока на на полско малцинство во Германија или Холанѓани во Данска на пример. Ова многу би помогнално во иднина (ао/кога ќе влеземе во ЕУ) и на Македонците кои живеат во околните држави.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии