Европа ги одреди стандардите за сајбер безбедност

Европа се согласи да креира нови правила за минимум стандарди кога се во прашање сајбер напади. Компаниите кои досега не ги пријавуваа нападите, можеби поради страв од одговорот на корисниците и берзата, сега ќе мора да ги пријават сите пробивања, јавува BBC.

Правилата не се однесуваат само на заштитата на личните податоци и податоци од банковни сметки, туку и на заштита на сега веќе автоматизираните компании за електрична енергија и дистрибуција на вода, кои заедно со банките ќе мора да исполнуваат минимум стандарди. „Креиравме мрежа која ќе им овозможи на експертите од 28-те земји-членки да споделуваат информации и развиваат практики за безбедност, кои нема да ја нарушат сајбер безбедноста на индивидуалните земји-членки“, вели Вики Форд, член на Европскиот парламент.

Се проценува дека штетите од сајбер напади ги чинат компаниите помеѓу 260 и 340 милијарди евра годишно. Досега не постоеше иницијатива со која државите членки ќе можеа да се координираат при сајбер напади, без разлика дали станува збор за грешка на вработените или пробивање. Иницијативата без сомневање е започната поради стравот од сајбер-тероризам, и користење на софистицирани алатки како Stuxnet кој првиот малициозен софтвер за кој знаеме што може да нападне електрани и нуклеарни погони. Нападите врз инфраструктура се третираат како далеку поопасни од кражбите на лични податоци кои често се мотивирани само од пари. Можно е еден таков напад врз инфраструктура да се смета како акт на војна.

Слична одредба донесе и САД која бара од компаниите кои се цели на напади да ги споделат информациите со безбедносните агенции. И во САД се очекува државните агенции да соработуваат со техничките компании како Google, Microsoft и Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии