ЕВН ќе постави над 40 станици за полнење на електрични возила, но има ли електрични автомобили?

ЕВН Македонија ќе постави над 40 полначи за електрични возила. Полначите се веќе поставени во 17 градови во Македонија.  Најмногу полначи 21, се предвидени во Скопје.

„ЕВН во рамки на проектот за електромобилност веќе една година работи на поставување полначи за електрични возила. Досега имаме поставено полначи во 17 градови во Македонија, најчесто на централните плоштади за да можат да се најдат лесно, а со тоа го решаваме проблемот на малата километража што некои електрични возила може да ја постигнат. Во Скопје веќе имаме инсталирано повеќе од 10 полначи, од кои еден во винаријата Камник. Следен чекор ни е да навлеземе во комерцијална соработка со некои хотели и ресторани за и таму да поставиме полначи“, вели Штефан Петер претседател на ЕВН Македонија.

Иако инфраструктурата за електрични возила е тука, тоа не значи дека има и возила. За жал во Македонија сè уште нема голем број на електрични возила. Секако проблем е нискиот стандард и високата цена на електричните возила. Полначите ќе помогнат Македонија да не биде црна дупка во Европа за полнење на туристите или возачите кои само транзитираат низ Македонија.

Сите сопственици на електрични возила кои сакаат да ја користат мрежата на ЕВН, треба да извадат електронска картичка со која се активира полнењето. Оваа година полнењето е бесплатно, но веќе од следната година ќе се одреди цената. Сепак предвидувањето е дека ќе биде пониско од цената на бензинот

Префрлањето на електрични возила секако ќе придонесе и за почист воздух во градовите, но за ова да стане ќе треба да помине многу време.

Што се однесува до полначите кои ги постави ЕВН, најголем дел се поставени во близина на градските центри. Компанијата сега е во фаза на пронаоѓање хотели и ресторани каде ќе може да се постават следните полначи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии