Evernote со нов, редизајниран веб интерфејс

Веб верзијата е најмалку користена, во споредба со мобилните, односно само 13% од вкупниот број на корисниците ја користат. Новина во Evernote е што се шири опсегот на луѓе кои ја користат. На почетокот Evernote се користеше од професионалци, а сега и од студенти и од секојдневни корисници на мрежата. Секој ден се додаваат по 26.000 нови корисници, a вкупно има 7 милиони корисници.

Новините во интерфесјот на Evernote се:

  • Групирање на белешки: визуелно групирање на белешките во купче со влечење или кликање.
  • Фрагментиран поглед: дозволува да се види повеќе информации за белешката без потреба да се отвори, добро за брзо прелистување.
  • Снимени пребарувања: може да се направат пребарувања снимени со користење на десктоп верзија на Evernote со кликање во Search барот. Снимените пребарувања можат да се појават во паѓачка листа.
  • Повеќекратно одбирање и влечење: Evernote Web дозволува да се одберат повеќе белешки одеднаш до држење на CMД копчето на Mac или CTRL копчето на Windows, додека се клика. Откако ќе се одберат белешките, може да се влечат истите во нов ноубук или во канта.
  • Автоматско зачувување: При креирање и едитирање на белешки може да се одбере Evernote да ги снима промените автоматски додека се пишува.

Додадена е и опција за споделување на поединечни белешки преку Facebook и имејл.

Evernote е достапен и за iPhone, Android, Windows и Mac.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии