Evernote претстави продавница за физички производи

Борис Кузманов

во Веб, Хардвер

Популарната апликација за фаќање белешки, Evernote, на своите 75 милиони корисници од денес им нуди  маркет со физички продукти во кои е интегрирана и самата Evernote апликација. Во продавницата може да се пронајдат ScanSnap Evernote Edition Scanner, Jot Script Evernote Edition Stylus, како и ко-брендираните Moleskine ноутбукови и Post-it Notes падовите. Покрај таквите уреди, од Evernote нудат и други продукти кои се дизајнирани да ви помогнат да работите подобро, но немаат никаква поврзаност со сервиси на Evernote. Достапни се различни видови на ранци, брендирана Evernote маичка и бележници, паричници, а сите продукти се дизајнирани во бојата на компанијата.

Идејата на Evernote маркетот е да им понуди на корисниците животен стил, а не само обична опрема како што тоа го прават поголем дел од компаниите. Тие сакаат на своите клиенти да им понудат одлична опрема. Маркетот во моментот не е достапен за корисниците во Македонија, но производите кои се достапни може да ги погледнет во продавницата достапна во САД.

[youtube]E9dmfkJPwqs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии