Еvernote прави повеќе пари по корисник од Windows Phone отколку од Android

Мобилната апликација за фаќање на белешки Evernote има поголеми приходи по корисник на Windows Phone платформата, иако поголемите приходи доаѓаат од Android бидејќи сепак платформата на Google има далеку поголем број корисници.

Волјата на корисниците да потрошат пари на апликација се главниот двигател за програмерите да креираат апликации за одредена платформа. Во тој поглед, според извештајот на CITEworld и статистиката на Evernote, Аndroid, иако најпопуларен, сепак се наоѓа зад Windows Phone, и далеку зад iOS.

Интересно, покрај поголеми приходи по корисник, Evernote во последно време забележува и поголемо користење на нивната Windows Phone апликација. Според директорот за операции на Еvernote, Дејв Ендберг, приходите oд и користењето на Windows Phone апликации се „скромни, но вреди за трудот“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии